И годинава ќе се одржи Божиќен концерт
03-01-2014 КУЛТУРА

„Божиќ - музика чоколада“ е насловен годинава Традиционалниот Божиќен концерт кој го организира ОМБУ Лазо Мицев Рале, а домаќин е домот на културата Иван Мазов Климе. И не случајно е избран овој наслов за најдоброто класично уживање.Затоа за да нема забуни наместо влезница донесете некој чоколаден производ. Ова впрочем важи не само за љубителите на класиката и традиционалните божиќни ноти, туку и за сите хумани.За оние кој честопати помогаат и оние кој веќе живеат со навиката во пресрет на празниците да ги усреќуваат нај загрозените барем за момент.

Дека помошта особено за празниците кој го обединуваат семејството и најблиските е добредојдена за ранливите категории сме се увериле многупати до сега, но верувајте на истата неизмерно и се радуваат осебено децата. За нив едно пакетче или чоколадо вреди многу повеќе од сумата што сме ја потрошиле за нив. Токму заради тоа да бидеме големи по душа и овој Божиќ.Парите кој инаку на ваков настан би ги одвоиле за влезница сега да ги пренамениме за благо.Уште еднаш тоа значи дојдете да го проследите традиционалниот Божиќен концерт и наместо влезница донесете чоколаден производ.Нека истиот биде по ваша желба и од срце бидејќи ќе биде дониран на дечиња од социјално загрозените семејства.Ова е уште еден голем и хуман чекор на ОМБУ Лазо Мицев Рале. Годишниот или новогодишен концерт во СС Јасмин на крајот од 2013 го искористија за да им помогнат на малите спортови во Кавадарци, а еве сега за поголема среќа кај дечињата од социјални семејства. Од училиштето велат дека и овој Божиќ ќе понудат на сцена извонреден концерт, празнична класика и минути за уживање.Немојте да се двоумите божиќниот концерт е во среда на 8 ми јануари со почеток од 12 часот.Божиќ Музика Чоколадо 2014 за хуманите кавадарчани.

 

 

 

Додади коментар