Кавадарци денеска и утре домаќин на четвртиот натпревар за камерна музика
28-11-2013 КУЛТУРА

Започна четвртот натпревар по камерна музика Кавадарци 2013. Денеска и утре во домот на културата се натпреваруваат 68 класични состави. Натпреварот се одржува во периодот од 10 до 21 часот, денеска и утре. Попладнево беше свеченото отворање на натпреварот, а утре ќе бидат доделени дипломите на најдобрите.

Утре 8 традициски состави ке се натпреваруваат во Музејот на традиционална тиквешка храна и вкусови  од 10 до 12 часот .

Во рамки на натпреварот денеска ќе следи концерт дуо виолина и пиано на гости од Тирана Албанија, а утре ќе настапат добитниците на наградите од Германската амбасада.

Натпреварот е во организација на ОМБУ „Лазо Мицев Рале“, домот на културата Иван Мазов Климе и градоначалникот и советот на општина Кавадарци.

А.Д

Додади коментар