Кавадарци и Неготино без вода - замрзна Лукар!
08-01-2017 РЕГИОН

Денеска граѓаните на Кавадарци, Неготино и Росоман останаа без вода за пиење. Како што информираа од ЈП Комуналец прекинот во водоснабдувањето се должи на мрзнење на хидро објекти на водоводот Лукар, поради ниските температури.

 

„Две екипи се на терен и се обидуваат каде што е пристапно да интервенираат и да ја доведат состојбата со водоснабдувањето во нормала. Сооглед на должината на водоводот и конфигурцијата на теренот ќе се работи во текот на ноќта и утре, кога се очекува да се нормализира водосабдувањето, но повторно ќе функционира во исклучително ниски температури„ рече раководителот на о.е Водовод и канализација при ЈП Комуналец, Марјан Прескакулев.

А.Д

Додади коментар