Кавадарци ќе биде домаќин на конференција за ознака на потеклото на производ и географска ознака
05-03-2015 РЕГИОН

Градоначалникот Александар Пановденеска  оствари работна средба со делегација од Мрежата „Слоу фуд Македонија“ предводена од националниот координатор Николче Николовски, во која беше и претставникот на локалното здружение „Слоу фуд Тиквеш“ Маја Шкартова.

 Тема на средбата беше заедничкиот ангажман во организацијата на престојната „Конференција за ознака на потеклото на производ и географска ознака“ која на 27 март треба да се одржи во Кавадарци.

Организатори на настанот се „Слоу Фуд Македонија“ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија, поддржано од Светската организација за земјоделство и храна – ФАО и општина Кавадарци како домаќин.

 Ова ќе биде исклучителна можност за презентирање на Општина Кавадарци и нејзината работа во рамките на Локалниот економски развој, во презентацијата на потенцијалите на Општината преку промовирањето на автентичните традиционални производи оф Тиквешкиот регион надвор од границите на Македонија.

На конференцијата ќе учествуваат видни професори и светски познати експерти од меѓународната мреѓа на „Слоу Фуд“ како и експети од ФАО. Главна цел на оваа Конференција е на едно место да се состанат заедно сите заинтересирани страни со намера да се согледаат можностите за успешна имплементација на националната регулатива во Заштита на потеклото (ЗНП). Конференцијата ќе овозможи учесниците да се стекнат со теоретско знаење, можност да разменат искуства, на форум на кој ќе може да се предложат идеи како формирање на платформа за долготрајна соработка помеѓу сите вклучени страни.

Организаторот очекува на Конференцијата да учествуваат меѓу 100 и 150 учесници, претставници на владини институции, университети, невладини организации, како и производители на „Слоу фуд“ од Македонија како и од Тиквешкиот регион.

Градоначалникот Александар Панов даде целосна поддршка на настанот и сесрдна помош во неговото организирање.

 



Додади коментар