Кавадарчанец нападнал со нож полицаец

Кавадарчанец нападнал полицаец со нож во петокот попладне пред Полициската станица Кавадарци, информираат од СВР Велес.Имено О.К. роден (1986) од Кавадарци без никаков повод и причина му пришол на полицискиот службеник кој во моментот извршувал службено дејствие и почнал да му упатува сериозни закани по неговиот живот по што го нападнал со нож. Со употреба на физичка сила е совладан и лишен од слобода, соопшти портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска.

 

Осомничениот претходно бил приведен во полициска станица Кавадарци поради сторена сообраќајна несреќа под дејство на алкохол и напуштање од местото на настанот.Од полициски извор дознаваме дека во моментот кога О.К. ја направил сообраќајната незгода жителите од улицата на која се случила истата излегле да му пружат помош, но и тогаш О.К. дал отпор и ги разбркал заканувајќи им се со нож. На местото многу брзо стигнало и возило на итната медицинска помош , по што О.К. бил земен за да му биде пружена медицинска помош. Но по патот кон болницата О.К. побегнал од возилото и се пуштил во бегство, по што за кратко време е пронајден и приведен од полицијата на распит за расфетлување на случајот со сообраќајната незгода која ја предизвикал претходно.

 

По излегувањето од кавадаречката Полиција О.К. пред истата се враќа за кратко време, но повторно со нож и тогаш го извршува нападот врз полицискиот службеник, дознаваме од нашиот извор.

По целосно документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок, информира потпаролот на СВР Велес Анита Стојковска.

 

Милица Младенова

Додади коментар