Кавадарчанец нападнат со моторна пила бидејќи си го барал долгот

Триесет и три годишниот Д.Ј од Кавадарци,   кој му должел пари на својот сограѓанин С.М. (33) по неуспешниот обид да најде пари и да му го врати долгот на С.М. се обидел сметките да ги расчисти напаѓајчи го со моторна пила.

Имено вчера околу 19 и 30 часот за да ги расчистат долговите и двајцата се упатиле до златара во Кавадарци со цел Д Ј да продади златен прстен и со парите да го расчисти долгот кон С.М.

По неуспешниот обид за продажба на прстенот Д. Ј му предложил на својот пријател да отидат во неговиот дом за да успее да земе пари од родителите и да му ги врати. Со ваквиот предлог се согласил С.М и се упатиле двајцата во домот на ДЈ на улица Дешка Тошева каде С.М останал сам во соба да го чека Д.Ј да земе пари од својот татко. Во еден момент Д Ј влегол во соба заедно со татко му и со запалена моторна пила го нападнале С.М.Иако сам се обидел да пружи отпор ,но Д.Ј со моторната пила му нанел исекотини по телото , а татко му Р.Ј мавал со тупаници по него.

 

Во еден момент С.М успеал да ги отурни од себе и да избега од целиот хорор засолнувајќи се во најблиската продавница од каде повикал итна медицинска помош.   Од одделот за хирургија за КТВ потврдија дека синоќа имале интервенции кај лицето СМ.  

Велат дека нема сериозни повреди исчистени се неколку помали гребнатини по телото, а хируршка интервенција е направена на една полабока рана на раката. Дека има пријава на случај на обид за убиство до Кавадаречката полиција потврдува и нашиот полициски извор. Од него дознаваме дека напаѓачот ДЈ е во бегство, а лишен од слобода е неговиот татко РЈ.Распитот е во тек, а полицијата трага и по ДЈ.

 

М.Младенова

Додади коментар