Кавадарчанец прободен со нож од мигранти

Вчера околу 18 часот на регионалниот пат Градско Велес 19 годишен кавадарчанец и 17 годишно момче од Демир Капија со патнички автомобил мерцедес со кавадаречки ознаки  преевезувале четворица мигранти од Мароко и еден мигрант од Алжир.

 

Кога пристигнале на исклучокот кон фабриката „ХИВ“ било побарано од мигрантите да го напуштат возилото затоа што наводно стигнале на границата при што дошло до меѓусебна тепачка при што возачот на мерцедесот со нож бил прободен во левата нога,  а малолетникот бил удрен во пределот на  лицето.

 

Повредените со возило на итната медицинска помош се префрлени во Медицински центар Велес,  а мигрантите од Мароко и Алжир се пронајдени и доведени во Секторот за внатрешни работи Велес.

 

Се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот информира Анита Стојковска портпарол на СВР Велес.

 

Мирјана Мукаетова

Додади коментар