Кавадарчанец со секира ја повредил сопругата

Педесет и осум годишен кавадарчанец вечра попладне со секира ја нападнал неговата,  една година постара сопруга додека таа работела во дворот.

Немилиот настан го потврдија и од СВР Велес. Портпаролката, Анита Стојковска информираше дека нападот во полиција во пријавил сопругот.

„Веднаш е излезено на лице место, констатирано е дека од засега неутврдени причини пријавителот и задал неколку удари во пределот на главата на неговата сопруга, при што се здобила со тешки телесни повреди. “ рече Стојковска.

Повредената жена била  пренесена во кавадаречката болница од каде по укажаната помош е пратена во  Градска хируршка клиничка болница Наум Охридски во Скопје.

A.Д

Додади коментар