Кавадарчани максимално дисциплинирани - две вечери нема прекршување на полицискиот час
02-04-2020 РЕГИОН

Информациите кои доаѓаат од СВР Велес говорат дека во изминативе две ноќи, за време на полицискиот час,  кавадарчани максимално ја почитувале забраната за движење во периодот од 21 до 05 часот.

Нема регистрирано ниту едно прекршување, а во само изолација се 54 лица.

 

Во Неготино две лица се приведени поради тоа што не ја почитувале забраната за движење во време на полициски час, а 16 лица се во само изолација.

 

Исто и во Велес, две лица биле неодговорни за време на полицискиот час, а 57 се во самоизолација.

 

А.Д



Додади коментар