Китев: Соработката со владата е клучна за развојот на општина Кавадарци
11-10-2017 РЕГИОН

 

(интегрален текст)   Почитувани сограѓани,  Изминативе неколку недели кампања, заедно со кандидатите за советници од Социјал-демократскиот Сојуз на Македонија и коалицијата, ви ги презентиравме нашите проекти и визија за развој на Кавадарци. Верувам дека голем број од вас ја добивте нашата програма или барем прочитавте дел од неа на Интернет или од нашите флаери.

Сепак, гасификацијата, градинката, новата противпожарна станица, становите за млади брачни парови и самохрани родители, затворениот пазар, но и сите останати суштински инфраструктурни проекти кои се насушно потребни на нашиот град, општината без помош од централната власт самостојно не може целосно да ги реализира.

 

Развојот на општина Кавадарци е силно врзан со блиската соработка со централната власт. Изминативе 8 години, иако и локалната власт и централната власт, беа под ВМРО-ДПМНЕ , сепак многу малку средства од централно ниво како капитални дотации се влеваа во буџетот на оптшина Кавадарци, споредено со другите општини во Македонија. Но, причината за тоа е скоро никаквата лоби моќ и влијание на овдешното раководство на ДПМНЕ во Владата во Скопје, за разлика од другите општини кои лобираа многу повеќе за своите општини.

Од друга страна, ние како Општинска Организација на СДСМ од Кавадарци, и јас лично, како долгогодишен пратеник, имаме изградено силни и блиски релации и со премиерот Зоран Заев и со сите министри во новата Влада на Република Македонија. Токму тие релации и блиска соработка со Владата ќе бидат клучни да сите овие капитални инфраструктурни проекти во Кавадарци бидат реализирани со помош од Владата.

Денес стојам на местото каде треба да биде изграден нов поголем мост во Ваташа. Дури и против кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, во својата програма има наведено дека овој нов мост, кој би чинел околу 300.000 евра, би се реализирал само во соработка со Владата.

Соработката со Владата е суштинска за напредокот на Кавадарци и реализирањето на сите важни инфраструктурни проекти во нашата општина.



Додади коментар