Концерт на Македонски Брас Квартет во Кавадарци
04-06-2013 КУЛТУРА

Утре  Македонскиот Брас Квартет ќе одржи концерт во Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ со почеток во 20 часот. Членови на Македонскиот Брас Квартет се:  Стојанче Косовски – труба, Александар Златевски – труба, Горан Јанев – хорна, Владан Дробицки – тромбон.

Концертот е поддржан од Министерство за Култура на Република Македонија, Градоначалник и Совет на Општина Кавадарци и Домот на култура „Иван Мазов – Климе“ – Кавадарци.

 

Додади коментар