Концерт на хорот на Валамскиот манастир од Русија
27-10-2014 КУЛТУРА

Уште долго ќе им остане во сеќавање на присутните деведесет минутниот концерт  на хорот на Валаамскиот манастир од Русија кој се одржа во саботата во преполнетиот амфитеатар на Меѓународниот славјански уноверзит „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе. Долгите аплаузи беа доказ дека по многу нешто овој концерт на духовна музика беше единствен и ретка можност за такво уживање.  

 

Со концертна програма составена од црковно пеење, оригинални песнопенија на Валамамскиот манастир, руски народни песни и романси, песни на руската војска и козаци од 19 - 20 век , лирски и патриотски песни на советски композитори,потоа од Велигденски песнопенија и песни за Големата Татковинска војна, песни со духовна содржина на композитори од советското време и песни посветени на 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна, се состоеше извонредниот настап на хорот на Валаамскиот манастир.

 

 

Во составот на хорот влегуваат познати професионални музичари.  На нозе беше крената публиката посебно беа изведени неколку преработки на македонски песни, меѓу кои и „Абре Македонче“, со кои ги собраа аплаузите на присутните во преполниот амфитеатар.

Алексеј Жуков, диригентот на хорот, рече дека тие се плод на соработката на хорот со двајцата монаси од Македонија кои живеат во Валаамскиот манастир, игуменот Методиј и монахот Наум.

„Затоа ние ги знаеме македонските песни, сигурно не сите но за оние што ни ги изведуваат игуменот Методиј и монахот Наум направивме аранжмани и ги извежбавме. Го почитуваме и црковното Византиско пеење и ќе ви кажам дека на Валаамот често се изведуваат композиции од тој период,“ рече Жуков.

 

Меѓу публиката  беше присутен и Амбасадорот на Руската Федерација во Р. Македонија, Н. Е. Олег Шчербак, како и проф. д-р Ирина Бондар, претставник на Северо-Кавкаскиот Федерален Универзитет од Русија.

А.Д

Додади коментар