Кошаркарите на „Фени“ загубија од „Работнички“
26-10-2015 СПОРТ

Фени индустри испушти извонредна можност да ја прокнижи и третата победа сезонава. Иако имаа убедливо водство од 23 поени му дозволија на противникот не само да се врати во игра туку на крај и да си замине од Кавадарци како победник. Тројките на Работнички кој патем погодуваше се во второто полувреме беа пресудни за конечниот исход. На крај Фени загуби но потполни и пријава поради пристрасното и тенденциозно судење на судиската тројка.

 

Во првиот период се до 8 мин. се беше рамноправно а резултатот беше 11-10 за Фени. Во последните 2 минути од првиот период Фени со серија од 8-0 на пауза замина со предност од 19-10. Во вториот период домашните  ја контролираа играта и резултатот и постепено ја зголемуваа предноста која во 18 минута изнесуваше највисоки +23 (40-17). Сепак Работнички со неколку тројки и серија од 14-6 успеа колку толку да намали па на полувреме се замина со резултат 46-31. Кај домашните веднаш се виде дека Николовски и Пековиќ се најрасположени за игра додека кај Работнички Трајковски сам поститгна речиси пола поени од својот тим. Во второто полувреме видовме вистинско шутерско шоу на гостите. Погодуваа од речиси сите позиции а особено беа прецизни во обидите за три поени. На спротивната страна на домашните ништо не им одеше од рака па Николовски и Пековиќ не добија соодветна подршка.

 

Со извонредна серија од 23-8 во последените 5 минути Работнички се избори и во последните 10 минути се влезе со минимален скор од 64-60 за Фени. Во 36 минута Работнички поведе со 69:70 но Фени се врати со серија од 8-2 и на 2 минути до крајот имаше предност од 77-72. Следуваа неколку контраверзни одлуки на судиите на штета на домашните па на 47 секунди до крајот Фени имаше напад кој не го реализира а на спротивната страна Мираковски реализираше тројка на 8 секунди до крајот. Фени се обиде набразина да анулира па прво Пековиќ под очигледен прекршок кој не беше санкциониран промаши за три поени а одбиената топка ја прифати Враговиќ но и тој не успеа да израмни па гостите почнаа да ја слават победата.

 


Кај Фени Николовски беше најефикасен со 24 поени а Пековиќ уфрли 19. Тубак додаде 12 а Враговиќ и Самарџиев по 11. Кај Работнички Трајковски даде 23 поени,Мираковски 20, Ѓуровски 15 а Петровски 12.Сепак Фени уфрли 6 тројки од 16 обиди а Работнички дури 16 од 37 обиди што на крај во голема мерка се покажа како пресудно за конечниот резултат. По натпреварот службените лица на Фени видно револтирани од тенденциозното судење потполнија И жалба во која аццент се ставе на спорните, контраверзни одлуки на судиите особено во последните 3 минути.
МИКИ  ВИДЕНОВИЌ

Додади коментар