Крводарителска акција во Aliance one
05-11-2013 РЕГИОН

Успешната соработка помеѓу општинската организација на Црвен Крст Кавадарци, службата за трансфузиона медицина и Алијанса еден продолжи и годинава со уште една успешно организирана и спроведена доброволна крводарителска акција. Слободно крв даруваа вработените во Алијанса, а задоволни од нивниот одзив се и од службата за трансфузија медицина. 

 

Нашата екипа на акцијата присуствуваше до 12 часот. Дарувани 24 единици крв и уште петнаесетина веќе прегледани кандидати, крводарители со оценка за здравствено способни да даруваат крв чекаа на ред.Бројката од четириесетина единици крв ги надмина очекувањата на организаторот.Акцијата траеше до 14 часот,а следните веќе се најавени за во ПС и Универзитетот Гоце Делчев дисперзирани студии во Кавадарци.

М.М



Додади коментар