Креативна работилница на тема „Здрава храна“

Во здраво тело здрав дух.Дечињата од детската градинка Праскичка се доста активни на оваа тема.Им веруваат на советите од нивните воспитувачи и се држат до навиките за правилен и здрав расвој.Децата велат покрај физичката активност редовно конзумираат и здрава храна која содржи многу зеленчук и овошје.

 

Сакаат да бидат здрави, силни и секогаш насмеани. Во таа насока денеска градинката за нив организираше и креативна работилница од која на крај ги добија изложени нивните насмеани овошно зеленчукови пријатели. Од модриот патлиџан, краставицата,компирот, морковот, пиперката, портокалот, дечињата изработија неколку импровизирани кукли .Воспитувачите потврдуваат дека со големо внимание и задоволство сите дечиња допринеле во креирањето на веселиот лик кај овошјето и зеленчукот, а воедно уште еднаш ја повториле и лекцијата за конзумирање на здрава храна која исто ќе предизвика весел лик и кај нив.

 

Од денешната работилница резултатот беше изложен во изложбениот простор на градинката за да видат родителите во што го вложиле трудот нивните деца и до каде може да отиде нивната креативност. Инаку оваа не е прва ваква акција.Со цел да се стекне навика за правилна исхрана и конзумирање на здрава храна училиштето веќе неколку пати организираше и подготовка на традиционална зимица, а редовно ја одгледува и својата градина.

 

Милица Младенова

 

Додади коментар