Кривична пријава за тројца разбојници

Секторот за внатрешни работи Велес до Основно Јавно Обвинителство Велес поднесе кривична пријава против Д.П. (24) од Битола, А.К.(23) и З.Д.(24) и двајцата од Прилеп, поради основи за сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

На 25.11.2013година на регионалниот пат Градско-Прилеп на бензинската станица „Макпетрол“, пријавените маскирани, со закана со нож и безбол палка извршиле разбојништво над вработените во бензинската, одземајќи парични средства и 11 кутии цигари, при што нанеле материјална штета од 50 100 денари.

Имено, пријавените, делото го извршиле со претходно одземен патнички автомобил кој подоцна го опожариле.

 

Додади коментар