Кривична пријава поради злоупотреба на службена положба и овластување

Полициска станица Неготино во соработка со надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против лицето И.И. (51) од Неготино - вработен во ТППЕ Неготино, поради основи за сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Фалсификување службена исправа“.

            Во периодот Јуни 2013 година до Март 2014 година, пријавениот во својство на службено лице- командир во ТППЕ Неготино сочинувал месечни прегледи за плата со невистинити податоци, односно си натпишувал прекувремени часови (ноќ, викенд и празник) во вкупен износ од 11 851 денар. Исто така , при раздолжување на картичките за гориво приложувал фиктивни, неточни фискални сметки за гориво кое наводно го точел во службените возила во износ од 24 861 денар. 

Со наведеното, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 36 712 денари , на штета на Буџетот на Р.М.- информираат од Канцеларијата за односи со јавност при СВР Велес.

Додади коментар