Лажно пријавено оштетување на стакло од изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци
05-10-2017 РЕГИОН

 

На ден 29.09.2017 год. во ПСодОН Кавадарци  пријавено е дека, во ноќта на 28/29.09.2017 год. од страна на непознат сторител  се скршени две стакла од излогот на просториите на општински комитет на ВМРО ДПМНЕ во Кавадарци на ул. „Моша Пијаде“ бр. 4, со големина од 150 х 100 цм.

 

                                          По извршените оперативни проверки утврдено е дека се работи за лажно пријавување,  бидејки  оштетувањето на стаклото од излогот на партиските простории е настанато многу порано од датумот на пријавување - се вели во известувањето од СВР Велес.

                           



Додади коментар