ЛИ/2017 (ВИДЕО) д-р Виолета Димитрова: Да изградиме заедно општина која ќе се грижи за сите подеднакво
06-10-2017 РЕГИОН

 

(интегрален текст од прес конференцијата на д-р Виолета Димитрова-носител на советничка листа на СДСМ)

Драги сограѓани, денеска имавме една симболична хуманитарна акција.  Ние како социјалдемократи цврсто веруваме и се залагаме за вредностите на солидарност и помагање на сиромашните и немоќните.

Токму овие вредности ќе бидат темелот и на новата локална власт и на нас како идни советници во Советот на Општина Кавадарци.

Во нашата програма имаме повеќе проекти кои се наменети токму за посиромашните и социјално загрозените семејства.

 

Како прво, со помош на Владата ќе изградиме станови за млади брачни парови, за социјално загрозени семејства, како и за самохрани родители.

 

Знаеме дека голем број на млади брачни парови немаат доволно парични средства за да можат самостојно да си обезбедат сопствен дом.

Покрај нив во општина Кавадарци голем е бројот и на социјално загрозените семејства кои неможат да си обезбедат дом за своите семејства. Токму поради ова сметаме дека општината треба да им помогне на овие семејства и да им обезбеди дом каде би можеле да создаваат сопствени семејства.

 

Исто така, имаме предвидено стипендирање од општината на талентирани ученици и студенти кои немаат финансии да го продолжат школувањето.

Заедно со Владата ќе воведеме и низа други мерки и програми со кои ќе го поттикнуваме вработувањето на лицата од социјално загрозените семејства.

 

Нашата цел е да создадеме една солидарна општина. Општина која се грижи за сите граѓани подеднакво!



Додади коментар