Лозарите утре излегуваат на блокади
11-09-2019 РЕГИОН

Регионалното здружение „Тиквешки лозаро овоштари“ информира дека утре во периодот од 17 до 18 часот ќе го блокира патот Градско - Прилеп- Кавадарци кај клучката во Росоман, во близина на бензинската „Црна Река“.

 

„Ги повикуваме сите жители на Тиквешијата да присуствуваат на протестот и да го искажеме нашето незадоволство од овогодинешните ниски откупни цени на грозјето“ се вели во известувањето.

 

Во организација на истото здружение вечерва протест ќе се одржи и во центарот на Неготино.

 

А.Д

Додади коментар