Македонија зависна од увоз на струја

Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека во земјава во јануари годинава биле потрошени 892.781 MWh, додека во текот на февруари користењето на електрична енергија изнесувало 764.184 MWh. Збирните статистички информации од минатата година покажуваат дека 72% од потрошувачката на енергија е обезбедена од домашните енергетски објекти, додека 28% од неопходната електрична енергија била увезена од странските пазари.

Овие податоци покажуваат дека земјава  останува енергетски зависна од странскиот увоз на електрична енергија. Во првите два месеца од 2013 година во бруто – домашната потрошувачка на електрична енергија нето – увозот учествувал со 22,565%.

Во споредба со ланските годишни податоци, забележано е намалување на увозот од странските пазари, но истовремено во јануари и во февруари 2013 година е констатирана и намалена консумпција на енергија од 8,95%, односно 17,38% во споредба со првите два месеца од 2012 година. 

Додади коментар