Македонија културно ќе соработува со Финска
20-05-2013 КУЛТУРА

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во Амбасадата на Република  Македонија во Стокхолм се сретна со финската продуцентка Сирпа Рудман која пред две години направи репортажа за природните убавини на Македонија, Хрватска  и Црна Гора.

Со својата продукција за култура, туризам и мода „Рудман“ таа снимаше во Охрид, Битола и Прилеп во 2011 година, а репортжата била прикажана во нејзиното „Сирпа Рудман шоу“ во Хелсинки, Турку и Тампере.

На средбата, беше договорено Рудман во јули да ја посети повторно Македонија и да сними репортажа за природните и културните убавини на Скопје. Со неа ќе дојде и мис на Финска за да ја промовира македонската традиционална носија.

Филмот ќе биде промовиран во октомври во Хелсинки, за време на Рудман шоуто, кога и министерката за култура Канческа-Милевска ќе ја посети Финска. Таа денеска и се заблагодари на Рудман за презентацијата на Македонија, со што се промовира македонското културно наследство и туризам.

Додади коментар