Натпревар во вешто возење на жени возачи во Неготино
06-03-2015 РЕГИОН

Дваесетина жени возачи од Неготино денеска учествуваа на натпреварот во вешто возење што го организира секторот за превенција при СВР Велес, а се одржа во Неготино, а е во пресрет на денот на жената 8 ми март.  Организаторите се задоволни од одзивот на жените возачи.

„И жените од Неготино денеска ќе имаат можност да ја покажат вештината во возењето. За најдобрите обезбедени се награди. Тие се примерни учесници во сообраќајот. Досега од нашето работење можеме да кажеме дека тие многу повеќе ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и многу помалку предизвикуваат сообраќајни инциденти“ рече Трајче Јовановиќ, инспектор од полициската станица во Неготино.

Првото место на денешниот натпревар го овои Љубица Падикова Петрова, второто место Благица Ристовска, а трета во вешто возење беше Ирена Лалева.

И денеска жените покажаа дека се добри возачи, ги почитуваат правилата и вешто управуваат со моторно визило.

Благица Ристовска која денеска на натпреварот го освои второто место зад себе има 30 годишно возачко искуство. Таа денеска пред натпреварот во изјава за КТВ се согласи дека жените се повнимателни во сообраќајот за разлика од мажите.

А.Данов



Додади коментар