Неделава две седници на кавадаречкиот совет
23-12-2013 РЕГИОН

Советот на општина Кавадарци неделава ќе одржи две редовни седници. Десетата е закажана за утре со почеток од 12 часот, а единаесетата ќе се одржи во петок. Пред советниците се наоѓаат повеќе програми и одлуки за работење на локалната самоуправа и најважниот финансиски документ, буџетот за 2014 година.

На седницата утре ќе се разгледуваат програмата за уредување на градежно земјиште, за израдба, реконструкција и одржување на локалните патишта, програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјитште, програмата за урабистички планови, за развој на општината како и прогрмата за развој на невладиниот сектор.

Советниците ќе расправаат и по програмата за меѓународна соработка, за активностите во областа на културата и за одбележување на значајни годишни и личности.

На седницата во петок ќе се дискутира околу општинската каса која е димензионирана на  близу 664 милиони денари.

А.Д

Додади коментар