Неисправна е водата за пиење во селата Долна Бошава, Крњево и Бохула
05-11-2013 РЕГИОН

Општина Кавадарци врз основа на известувањето од Регионалниот центар за управување со кризи Кавадарци, согласно законските надлежности известува за неисправност на водата за пиење во населените места Долна Бошава, Крњево и Бохула.

Врз основа на известувањето од ЈЗУ „Центар за Јавно здравство“ бр.2477 од 25.10.2013 година водата за пиење на локалниот водовод за село Бохула на мерно место „село Бохула" е хемиски неисправна поради присуство на бактеријата Ешерикија коли.

Врз основа на известувањето од ЈЗУ „Центар за Јавно здраство“ бр.2479 и 2480  од 25.10.2013 година водата за пиење на локалниот водовод и водоводната мрежа за село Крњево на мерно местоц„село Крњево“  хемиски е неисправна поради присуство на бактеријата  Ешерикија коли.

Врз основа на известувањето од ЈЗУ „Центар за Јавно здраство „бр.2481 Од 25.10.2013 година водата за пиење на локалниот водовод-(долни) за село Долна Бошава на мерно место  „село Долна Бошава" е хемиски неисправна поради присуство на бактерија Ешерикија коли.

 

ЈЗУ центар за јавно здравство препорачува дезинфекција на водата за пиење или превривање на истата пред нејзина употреба, како и асанација на објектите и околината.

 

Општината ги информира жителите на селата: Бојанчиште, Долна Бошава, Конопиште, Крњево, Куманичево и Страгово, дека во тек се градежните работи на поставување на филти за вода кои според планот се очекува во периодот после 15 Ноември да бидат предадени во употреба со што трајно ќе се спречи загадувањето на санитарната вода во овие села. Исто така се информираат  жителите на селото Бохула дека општина Кавадарци со сопствени средства од Буџетот ќе се зафати со поставување на филтер за прочистување на водата во селскиот водовод.

 

 



Додади коментар