Нов успех на млади каратисти од Кавадарци
23-09-2013 СПОРТ


7 златни, 5 сребрени и 5 бронзени медали освоија младите каратисти од карате клубот “Урбан инвест” од Кавадарци на 10-от меѓународен турнир “Струга опен 2013” кој се одржа во саботата, информираше денес тренерот на клубот Ивана Аврамова.
-На натпреварот учествуваа 241 натпреварувач пд 35 клуба од Македонија, Албанија и Косово. На турнирот учествувавме со 14 натпреварувачи. Го освоивме пехарот за трето место во генералниот пласман, кажа Аврамова.
Златни медали во категоријата кати поединчено освоија Владанка Аврамова, Петар Аврамов, Игор Јовков и Моника Коч. Со злато се закитија и ката тимовите составени од каратистки родени 2002/2003 година, како и каратистки и каратисти родени 2000/2001 година.


С.Д.

Додади коментар