Обид за потпалување на велешкиот суд

Четириесет и седум годишната М.П од Башино село заработи нова кривична пријава за предизвикување на општа опасност. Полицијата ја осомничи и му ја предаде на истражен судија на Основниот суд во Велес.

Кривичната пријава следи откако М.П утрово се обиде да ја потпали влезната врата на  судот.

Претходно вратата ја попрскала со бензин кој го донела во пластично шише од сретство за миење садови.

На време ја забележиле судските полицајци и интервенирале.

Била повикана полиција и жената завршила во полициската станица.

М.П на распитот рекла дека обидот за потпалување е последица на револтот против повеќето судски процеси што се водат против неа.

Полицијата му ја предаде осомничената М.П (47) од Башино село на истражен судија на велешкиот суд. Претходно и поднесе нова кривична пријава во која е осомничена за предизвикување општа опасност.

Таа е петта кривична пријава што е поднесена протв неа.

Претходните три ги заработи за против законски дела, обид за сечење на дрвен столб за електрична енергија и едно за потпалување на трафостаница на ЕВН. Тогаш жената на ваков начин искажувала револт кон компанијата што и ја исклучила струјата во домот./

Дума.мк

Додади коментар