Обука за меѓуетничка интеграција во образованието

Вчера и денеска  во ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“  Кавадарци се одржува дводневна обука  во која учествуваат сите наставници од одделенска и предметна настава и стручната служба.Обуката е всушност имплементација на Проектот за меѓуетничка интеграција  во образованието, проект на УСАИД  во Македонија што го спроведува Македонскиот центар за граѓанско образование, за кој пак целата обука е дело ба  центарот за човекови права и конфликти како партнер организација.

 

Преку овој проект се вклучува целото училиште во промените за меѓуетничка интеграција во  образованието, се очекува наставниците да бидат активни  учесници во создавањето позитивна атмосфера, која придонесува за креирање успешни практики во промовирање на меѓуетничката интеграција.Се очекува учениците да станат активни учесници во промените во своето училиште што ќе им овозможи да се стекнат со потребните компетенции за живеење во интегрирано мултиетничко општество.

 

Родителите ќе се вклучат во промовирање на меѓуетничката интеграција на нивните деца како во училиштето така и во пошироката  заедница.

M.Mладенова

Додади коментар