Ограбени сиријски државјани во Градско

ЧЕТВОРИЦА ЖИТЕЛИ НА ГРАДСКО ОГРАБИЛЕ СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИ.. РАЗБОЈНИШТВОТО СЕ СЛУЧИЛО ЗАВЧЕРА ВО ГРАДСКО ЕДЕН ЧАС ПОСЛЕ ПОЛНОЌ КАЈ ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ЛИНИЈА..

 

ЧЕТВОРИЦА ЖИТЕЛИ НА ГРАДСКО НА ВОЗРАСТ ОД 28 ДО 34 ГОДИНИ ПРЕСРЕТНАЛЕ ЧЕТВОРИЦА СИРИЈЦИ И ЗАКАНУВАЈЌИ СЕ СО КОСА, СРП И ВИЛА ГИ ВНЕЛЕ ВО ДОМОТ НА ЕДЕН ОД РАЗБОЈНИЦИТЕ И ГИ ЗАДРЖАЛЕ ОКОЛУ ЕДЕН ЧАС.. ТОЛКУ ВРЕМЕ ИМ БИЛО ПОТРЕБНО ДА ГИ ОГРАБАТ СТРАНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ. ИМ ОДЗЕЛЕ 325 ЕВРА, 700 ДЕНАРИ И ТРИ МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ.. ПО ОВА, ЧЕТВОРИЦАТА РАЗБОЈНИЦИ ГИ ОСЛОБОДИЛЕ СИРИЈЦИТЕ.. СЛУЧАЈОТ ГО ОТКРИЛА ПОЛИЦИЈАТА.. ВО ТЕКОТ НА ВЧЕРАШНИОТ ДЕН, ЖИТЕЛИТЕ НА ГРАДСКО БИЛЕ ПРИВЕДЕНИ.. ПО РАСПИТОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА ПОДНЕСЕНИ ИМ СЕ ПРИЈАВИ ЗА ПРОТИВПРАВНО ЛИШУВАЊЕ ОД СЛОБОДА И РАЗБОЈНИШТВО.. ЧЕТВОРИЦАТА ЖИТЕЛИ НА ГРАДСКО ПО ОВА СЕ ИЗВЕДЕНИ ПРЕД НАДЛЕЖНИОТ СУД.. ИЗРЕЧЕН ИМ Е ПРИТВОР ВО ТРАЕЊЕ ОД ЕДЕН МЕСЕЦ.. ВЕДНАШ СЕ СПРОВЕДЕНИ ВО ИСТРАЖНИОТ ЗАТВОР ВО СКОПЈЕ.

 

ИНАКУ ВО ПРЕТХОДНИТЕ 20-ТИНА ДЕНА, ОГРОМЕН Е БРОЈОТ НА СИРИЈЦИ КОИ ТРАНЗИТИРААТ НИЗ МАКЕДОНИЈА.. НАЈГОЛЕМАТА ГРУПА ОД 150 ЛУЃЕ БЕШЕ ОТКРИЕНА НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО ВЕЛЕС.. ПРИСТИГНАА СОКРИЕНИ ВО ВАГОНИ НАТОВАРЕНИ СО ЈАГЛЕН.

З.Ј

Додади коментар