Одбележан патрониот празник на ООУ „Димката Ангелов Габерот“ Кавадарци

Денеска патрониот празник го одбележаа учениците и вработените од ООУ Димката Ангелов Габерот Кавадарци. Во новата спортска сала која училиштето ја доби пред околу два месеци во чест на патронот учениците приредија богата културно уметничка програма.Денес на патрониот празник училиштето традиционално ја додели и наградата ученик на генерацијата која според директорот Ангел Козаринов во тесен круг годинава училиштето ја доделува на Сања Срњакова, а благодарници за исто така континуиран одличен успех им беа доделени уште на неколку ученици.

 Со награди и признанија почестени беа и учениците со постигнати високи резултати на општински и државни натпревари како и на литературни и ликовни конкурси организирани во училиштето. Да се биде директор на едно училиште кое секојдневно цели кон модерно и современо образование со едногласен наставен кадар и ученици желни за успеси е гордост рече пред присутните првиот човек на ООУ Димката Ангелов Габерот Кавадарци Ангел Козаринов.

Традиционално на патрониот празник училиштето ги додели и јубилејните награди за вработените. За дваесет години работен стаж наградени беа Цветанка Карова, Владо Тасев, Гоце Видев и Горан Илиоски, а почестени со награда беа и двајцата сега веќе пензионирани наставници Спиро Ќиров и Спасе Крстев.На крајот од денешната свеченоста пред бистата на патронот во дворот на училиштето свежо цвеќе положија претставници на училиштето, локалната самоуправа и сојузот на борците.

 Со полагање на свежо цвеќе пред бистата на патронот денеска во знакот на Димката Ангелов Габерот празнуваше и истоименото основно училиште во Ваташа. Училиштето кое датира уште од далечната 1918 година денес одбележа 70 години од смртта на патронот Димката Габерот. За успесите, достигнувањата, направеното и приоритетите пред присутните говореше директорката Јанушка Милкова.

M.M

Додади коментар