Од полноќ поевтини горива за 2 денари

Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе одлука за  ново намелување на цените на горивата. Од полноќ малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2 денaри по литар.

Согласно ваквата одлука на регулаторна , од полноќ, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС95 ќе биде 70 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС98 71,5 денари по литар.

Новата цена по која од полноќ ќе се точи литар дизел гориво ќе изнесува 60 денари.

Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по  48,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,153 денар за килограм и ќе изнесува 30,866 денари за килограм.

Додади коментар