Од полноќ поевтинуваат бензините и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика денеска ја објави новата одлука околу цената на горивата и според истата, бензинот поевтинува за денар и половина, дизелот за половина денар.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,5 денар по и ќе  изнесува 73,5 денари.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1 денар и од полноќ ќе се точи по  72 денари за литар

Дизелот поевтинува за половина денар и од полноќ, неговата цена ќе изнесува 62 денари за еден литар.

Додади коментар