ООУ „Гоце Делчев“ го одбележа денот на детето

Денеска  ООУ„Гоце Делчев“ од Кавадарци го одбележа денот на детето. Со пригодни активности учениците од прво до петто одделение, потсетија на своите права.Љубов, почит, толеранција, грижа, разбирање.Преку хартија младите ги потсетија големите што се им треба за убаво и безгрижно детство. На хамер или со креда на ѕид не е важно, она што е важно е колку возрасните ќе ги разберат денес упатените пораки на учениците.Срциња па во нив имиња, детски мечтаења и желби. Тоа нам но и на нив им значи многу за секојдневна насмевка велат наставниците од Гоце Делчев вклучени во денешните активности по повод денот на детето. 

Учениците имаа можност креативно да се изразат преку изработка на ликовни и литературни творби.Не само на денешниот ден на децата траба да им посветуваме внимание и во секој нареден е пораката која заеднички денеска ја упатија и учениците и наставниците од ООУ Гоце Делчев Кавадарци.

 M.M

Додади коментар