Опожарено возило на кавадарчанец

Непознат сторител синоќа со запаллива течност го полил авотмобилот на 32 годишниот Б.Ј од Кавадарци а потоа го запалил. Пожарот во кавадаречката полиција го пријавил таткото на сопственикот, педесет и седум годишниот  М.Ј.

„Вчера во ПС Кавадарци, М.Ј.(57) од Кавадарци пријавил дека од страна на непознат сторител на ул. “Страшо Пинџур” било опожарено ПМВ „Голф“ со бугарска национална ознака сопственост на Б.Ј.(32) од Кавадарци на тој начин што на задните стоп светла и во делот на хаубата била истурена непозната запалива течност, која ја запалил, при што настанал пожар, од кој биле изгорени инсталацијата, дел од пластиката кај моторот и други делови“ стои во сопштението од полицијата и се додава дека полицијата превзема  мерки за пронаоѓање на сторителот.

А.Д

Додади коментар