Општинските изборни комисии во Тиквешијата подготвени за утрешното гласање
14-07-2020 РЕГИОН

Денеска гласаа болните и немоќни лица. Гласањето во Тиквешијата помина без проблеми. Утре во 7 часот наутро се отвораат избирачките места и ќе се гласа се до 21 часот.

 

Во Кавадарци право на глас имаат 32.270 граѓани.

 

Во Неготино ќе се гласа на 28 избирачки места, а во избирачкиот список се евидентирани 15.874 граѓани. Денеска правото на глас го оствариле 100 болни и немоќни лица.

 

3353 жители на општина Росоман се со право на глас. Ќе се гласа на 10 избирачки места. Вчера гласале пет лица кои се во самоизолација, а денеска 45 болни и немоќни.

 

Во Демир Капија право на глас имаат 3269 граѓани, а ќе бидат отворени 11 избирачки места. 64 болни и немоќни лица гласаа денеска.

 

Единаесет избирачки места утре ќе бидат отворени во општина Градско. Овде право на глас имаат 3136 граѓани. Денеска гласаа 45 болни и немоќни.

 



Додади коментар