Општински натпревар по прва помош
12-05-2018 РЕГИОН

 

По 27-ми пат од осамостојувањето на Македонија, денеска во Кавадарци во организација на кавадаречката организација на Црвен Крст се реализира општинскиот натпревар по прва помош.

 

Учествуваа ученици од сите основни и средни училишта во Кавадарци. Учениците го демонстрираа практично наученото по прва помош, бидејќи првата помош е неопходна за спасување на човечки животи.

 

Натпреварувачите ги поздрави и им посака успешно работење претседателот на комисијата за здравство при Црвен Крст Кавадарци, д-р Горан Апостолски.

 

Победниците од средните училишта на општинскиот натпревар ќе го претставуваат Кавадарци на републичкиот натпревар по прва помош.

 

А.Д

 

Додади коментар