Осомничениот за тројното убиство е уапсен

Полицијата го уапси осомничениот за тројното убиство во Кавадарци. Претпладнево во полициска акција на градските гробишта е уапесен четериесет годишниот Тони Станоев зкој се сомничи дека во неделата го стори тројното убиство, пукаше во мајката и таткото на неговата поранешна сопруга и во нејзината помала сестра.

 

Тони бил следен од полицијата, а утрово го лоцирале наградските гробишта во Кавадарци. Се обидел да побегне и да пружи отпор но бил опколен од поголема група на полицајци.  Било пукано во воздух за да го предупредат убиецот. За кратко време бил совладан и кај него е пронајден пиштолот со два куршуми за кој се верува дека е истиот со кој го стори тројното убиство . 

А.Д

Додади коментар