Оштетено осветлувањето на градскиот парк
22-10-2019 РЕГИОН

Направена е штета на рефлекторите и канделабрите од инсталацијата на Јавното улично осветлување на „Спомен костурницата“ во градскиот парк.


Оштетени се неколку рефлектори, од кои на еден целосно му е искршено заштитното стакло, а кај друг истото е распукано. Направена е штета и на неколкуте канделабри при што искршиле и оштетиле лед светилки и кугли.


Општината целосно го обнови Јавното улично осветлување на костурницата и во градскиот парк, минатата година, предавајќи го на користење на граѓаните, но и на совеста за негова заштита.


Општината и овојпат упатува апел до граѓаните, заеднички да го штитат општото добро во интерес на сите,а за непознатите сторители ќе се превземат соодветни законски санкции.

Додади коментар