Панчо Минов носител на пратеничката листа на ГРОМ за „етворка“

Носителот на пратеницчката листа на ГРОМ за четвртата изборна единица Панчо Минов  на прес конференција искажа благодарност да довербата што а добил од раководството на партијата и рече дека е посебно горд што кавадарчанец ќе ја предводи пратеничката листа на неговата партија за четвртата изборна единица.

 “Добив една голема доверба од мојата партија. Но со ова одлука доверба доби и  општинската организација на ГРОМ од Кавадарци која по бројност на членство е после бастионот Карпош. Ова е голема чест за мене како кавадарчанец, затоа што во големите и средни партии, а ние сме средна партија, досега кавадарчанец никогаш не бил носител на пратеничка листа“ рече Минов и нагласи дека доколку влезе во парламентот достојно ќе ги застапува барањата на граѓаните.

Минов ја најави и агендата за средби со граѓаните на кои го претставуваат претсеадтелскиот кандиат на ГРОМ Зоран Поповски. А.Д

Додади коментар