Пет години Кав`даречки весник
13-06-2014 РЕГИОН

Првиот број на Кав`даречки весник  излезе на 11 јуни во 2009 година, а весникот има главна функција да ги регистрира настаните во градот и општината кои се составен дел од активностите на локалната самоуправа.

Уредникот на весникот, Димитар Мурџев е задоволен од досегашното пет годишно функционирање на весникот и од подршката од граѓаните.

„Весникот е хроничар на времето во кое се печати, со главна определба да регистрира, а не да коментира. Огромна подршка редакцијата има од колегите новинари од електронските медиуми, историчарот Петре Камчевски, колекционерот на вицови Илија Пемов и сатиричарот Петар Наневски. Тие со своите текстови ги збогатуваат содржините на весникот давајќи му дополнителна објективност и непристрасност. Во изминативе 112 броја весникот ги има регистрирано сите позналајни настани и збиднувања како своевиден хроничар на кавадаречкото секојдневие“ рече  Мурџев.

Во оценката за досегашното опстојување на весникот, неговиот идеен творец, градоначалникот Александар Панов  нагласува дека тој се реализира со интензитет како што и го замислил.

„Некои злонамерници побрзаа да кажат дека тоа е гласило во кое локалната самоуправа ќе се фали. Јас работите би ги поставил малку поинаку. Доколку ние во овој период ништо не работевме и се занимававме сами со себе, односно со дух, а не со материја, тогаш немаше ни да се пишува во весникот. Најбитна е таа што весникот во 90%се занимава со следење на програмските определби на градоначалникот и советот, како и со реализација на барањата на граѓаните. Токму ова е вистинската функција на весникот, да биде информатор“ рече Панов. А.Д

Додади коментар