Пејсажите од Кожув ги инспирираат уметниците
18-08-2014 КУЛТУРА

Недопрена природа, чист планински воздух  , изобилство од прекрасни пејзажи и убав абиент во Вила Тодоров во пазувите на Кожув планина е местото каде се одржува четвртата по ред ликовна колонија во организација на Марјан Тодоров  сопственик на телевизија КТВ под наслов „Лето 2014 Хотел Вила Тодоров  ски Кожув“.

 

Нејзиното второ издание на едно место обедини 14 ликовни уметници од Македонија и Република Србија  претставници на повеќе генерации . Особено е значајно да се каже дека со помош на координаторот на колонијата ликовниот уметник Ива Јосифова  уметниците од Србија во најголем дел за првпат учествуваат на ликовна колонија во Македонија, а заедничко за сите е што за првпат престојуваат на Кожув Планина.

 

Првите создадени слики  или скици на платната говорат најдобро колку прекрасната природа и амбиен можат да бидат инспирација  за уметниците  Александар Таневски од Скопје, , Снежана Манасиќ од Панчево, Јадранка Димитријевиќ од Сремска Митровица, Зоран Игњатовиќ и Драган Ѓорѓевиќ од Крагуевац, Кирил Казанџиски од Штип, Светослав Кајзер од Врање, Методија Бурзевски од Свети НИколе и Ива Јосифова од Кавадарци, додека Тодор Попов од Гевгелија ја потврдува уште еднаш својата пасија према олтајмерите, Никола Ивановски овојпат се определи за мртва природа а Ристе Соколов останува доследен на својата силна експресија од бои  .   

Мирјана Мукаетова

Додади коментар