Повеќе наменско игралиште доби ООУ „Гоце Делчев“ Кавадарци
01-12-2014 РЕГИОН

Повеќенаменското спортско игралиште изградено во спортскиот комплекс на ООУ Гоце Делчев Квадараци денеска беше и свечено пуштено во употреба. Со шут кон голот за отворено го прогласија министерката за култура Елизабета Кначевска Милевска, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и градоначалникот на Кавадарци Александар Панов.Инвестивијата во младите е најскапа, но нај исплатлива бидејќи добиваме млада и здрава  популација.Кавадарци денеска го доби едно од двете вакви повеќенаменски спортски игралишта, кој Владата во рамки на проектот 100 повеќенаменски маалски игралишта со реализаторот Агенцијата за млади и спорт ги гради низ Македонија, но ќе добиете уште спортски комплекси најави диекторот на Агенцијата Марјан Спасески.

 

Ова запуштено место конечно го доби ликот кој многумина го посакуваме.Низ Кавадарци со помош на Владата ќе имаме уште многу вакви инвестиции најави градоначалникот Александар Панов.

 

Улогата на физичкото образование е клучна во правилниот развој кај младите смета министерката за култура Елизабета Канчевска Милеска која денеска особено ја истакна богатата спортска и културна ризница на Кавадарци.

 

Голема придобивка од ова повеќенаменско игралиште очекува и ООУ Гоце Дечлев.Директорката Весна Крстева истакнува дека училиштето ќе води грижа за учениците, но и останатите млади кој ќе го користат истото, во насока на правилен развој, но и подигање на свеста убавото секогаш да се чува од девијантни појави.

Милица Младенова

Додади коментар