Подари мартинка-израдувај дете“
27-02-2015 РЕГИОН

Дечињата од градинката “Рада Поцева“ во Кавадарци заедно со своите воспитувачки ја реализираа хуманитарната акција под мотото „Подари мартинка-израдувај дете“ во пресрет на  први март и почетокот на пролетта.

Во класичниот изглед мартинката претставува засукан бел и црвен конец, најчестo волнен. Боите имаат строго определена смисла: црвено - крв, живот; бело - чистота, среќа. Традицијата е на првиот ден од март најстарата жена во семејството да врзува на рацете на децата засукан бел и црвен конец за здравје и против уроци.

Мартинките се носаат до појавата на првото процветано дрво или на првиот виден штрк,а во Македонија и до здогледување на првата ластовица. Потоа се ставаат под камен и по нив се газе. Ако после еден месец под каменот има мравки, се верува дека годината ќе биде береќетна.

А.Д

Додади коментар