Подршка за пчеларите преку програмата за рурален развој

Во рамките на Програмата за финансиска подршка и рурален развој веќе е во тек мерката 121 која се однесува за инвестиции за модернизирање на земјоделските стопанства . Поточно оваа е прва мерка која исклучиво се однесува за пчеларите  за набавка на пчелни матици и опрема за пчеларството.

 

Преку оваа мерка пчеларите од Општините Кавадарци и Росоман  преку поднесување на електронски барања во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството можат да инвестираат во набавка на пчелни матици  од регистрирани одгледувалишта, набавка на рамки и сандаци за пчелните семејства, набавка на опрема за одгледување на пчели и услуги од трети лица за обработка и инсталирање на опрема. Тука спаѓаат и специјализираните центрифуги за вртење на мед , приколки и така натаму.  Право на користење на овие средства од Програмата за финасиска подршка и рурален развој имаат сите правни и физички лица односно сите евидентирани земјоделци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.

 

Максималната вредност на прифатливи трошоци е до 800 000 денари за набавка на опрема за пчеларење и до 600 000 денари за набавка на матици вели Драганчо Николов раководител на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Кавадарци. И овааа финасиска подршка се спроведува по принципот на ко-финансирање во висина од 50 отсто од одобрените прифатливи трошоци на пчеларот. Во случај кога  носителот на инвестицијата конкретно пчеларот е на возраст од 18 до 40 години кофинасисрањето е 55 отсто а се покачува најмногу до 75% за инвестиции во недостапни рурални заедници. 

 

Елекстронскиот начин на аплицирање  досега се покажа многу добро а воедно се  забрзува  процесот  на поднесувањето на барања од страна на земјоделците – вели Драганчо Николов кој  потсетува дека овааа мерка 121  трае до 10. Март 2016 година и сите пчеларите од Кавадарци и Росоман за сите потребни информации можат да се обратат во Агнецијата за поттикнување на развојот на земјоделците секој работен ден  во новите простории кои се наоѓаат веднаш до старите  каде досега функционираше агенцијата.

 

Мирјана Мукаетова

Додади коментар