Поевтинуваат бензините

За 1,5 денари од полноќ поевтинуваат бензините, а за половина денар дизелот. Ваква е денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика.

Литар ЕУРОСУПЕР БС-95  ќе се продава за 81 денар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 82,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 69,50 денари. За половина денар се намалува и цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) кое ќе чини 58 денари.

Намалувањето, пак, на малопродажната цена на мазутот М-1 НС е за 0,297 денари. Цената на килограм од тој енергенс ќе изнесува 41,410 денари.

РКЕ ја донесе одлуката за намалување на цената на нафтените деривати врз основа на просечната цена на нафтата на светските пазари и курсот на денарот во однос на доларот.

Додади коментар