Поевтинуваат нафтените деривати

Со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика малопродажните цени на бензините ноќеска на полноќ се намалуваат за половина денар, додека цената на литар дизел ќе биде пониска за  1,5 денар.

Согласно одлуката, новата цена на литар еуросупер БС-95 изнесува 71,00 денари, а на еуросупер БС-98 изнесува 73,00 денари.

 

Малопродажната цена на еуродизелот изнесува 55,00 денари, додека екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по 43,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,745 ден/кг, и со тоа цената на М-1 НС изнесува 27,071 ден/кг.

Додади коментар