Пожар во стан во Кавадарци

Дел од стан и потрковје од зграда во центарот на Кавадарци изгоре ноќеска во силен пожар. Повредени нема, а причинета е материјална штета.

Кавадаречката противпожарна единца добила пријава во еден часот и веднаш е излезено на интервенција. Командирот Илчо Богевски рече дека интервенцијата за гасење на пожарот траела до 5 часот.

„Спречивме пожарот да зафати и други станови и да направи поголема штета на поткровјето. На терен работевме со две возила и 4 пожарникари, а значајна е и помошта што ја добивме од противпожарната единица на Фени индустри“ нагласи Богевски.

Причините за пожарот се непознати и денеска ќе се работи на нивно расчистување.

А.Д

Додади коментар