Полицијата пронашла стебла марихуана?

Во текот на вчерашниот ден при спроведување на акцијата пребарување на терен по претходно добиени оперативни сознанија кавадаречката полиција открила насад со стебла кои наликуваат на опојна дрога марихуана.

 

Се трагало низ теренот од селото Клиново во правец кон село Рожден по течението на реката Блашница во чија близина полициските службеници го откриле и  насадот дознаваме од наш полициски извор. На насадот се пронајдени пет садници од кои две стебла со височина од еден ипол метар, а останатите три се високи по еден метар.

 

Деталите велат дека целиот насад бил убаво и агри културно уреден, спремен за ова производство работено во леи.При вчерашната истрага на лице место не се најдели лицата кој работеле притив законси, но дознаваме дека Полицијата веќе има осомничени по кои трага и работи темелно на целиот случај.Инаку вчерашната акција ПС од ОН Кавадарци ја спровела со посретство или соработка на Гранична Полиција Кавадарци. Целиот случај за ктв го потврдува и поптаролот на СВР Велес Анита Стојковкса и вели дека стеблата се одземени и предеадени на вештачење, а целиот случај се истражува.

 

Милица Младенова

Додади коментар