Полицијата со превентивна акција - да не се продава алкохол на малолетници во кисоците
07-08-2018 РЕГИОН

 

 

Да се почитува забраната за продажба на алкохолни пијалаци на лица со возраст под 18 години. Ова е апелот кој денеска преку превентивна акција го упати ПС од ОН Кавадарци, до продавачите во киосците кој остануваат достапни за потрошувачите 24 часа.

 

Помошник командирот за јавен ред и мир, Дејан Камчев,  потенцираше за целната група во акцијата дека предвидени се и казни според член 204 од кривичниот законик парична казна или затвор од 3 месеци до 3 години , како и казни според член 58 од законот за трговија, за правно лице во висина од 8.000 евра, за одговорното лице 30 % од казната на правното лице и казна за физичко лице од 200 до 400 евра во денарска противредност.

 

На акцијата позитивно реагираа речиси сите од учесниците. Сите се едногласни  дека алкохолните пијалоци треба да се што подалеку од малолетниците, но се  посочува дека често за нив купуваат повозрасни млади,  односно тинејџери.

 

 

- Секојдневно се случува да дојде малолетник и да побара алкохолен пијалак. Откако ќе го одбиеме и ќе му посочиме дека продажбата е забранета со закон за брзо време доаѓа полнолетник и купува алкохол за кој свесни сме дека завршува понатаму во рацете на малолетникот кој дошол претходно, бидејќи не далеку од киоскот го чека пијалокот. Затоа ја поздравуваме акцијата, но и ние упатуваме апел до тинејџерите и до родителите на малолетници дека поголема одговорност мора да имаат и тие, велат продавачите.

 

Со нивните искази се сложи и помошник командирот за јавен ред и мир. Посочи и Камчев дека често акциите на терен го покажуваат истото. Денешната акција е токму резултат на овие случки, но и зачестената појава, особено во лето малолетници да се собираат по паркови, градинки и други места и да конзумираат алкохол, вели Дејан Камчев.

 

Алкохолот не носи никакви добра.Тој само може да им наштети на младите и да им направи проблеми кој понатаму ги казнува и законот. Ако местата на кој се продава алкохолот, родителите, но и малолетниците се свесни за последиците и го почитуваат законот за забранета продажба алкохолни пијалаци на малолетници нема да има проблеми, децидна е Полицијата. Киосците кој денеска добија од едукативните флаери се задолжија истите да ги истакнат на видни места во своите продажни објекти, но и да го почитуваат законот, а Полицијата нагласи дека акцијата тука не застанува. Контрола на терен ќе има постојано, но по превентивните предупредувања ќе се применува и репресија.

 

Милица Младенова

Додади коментар