Полицијата фати крадци на дрва и уживатели на дрога

Позитивни резултати како слика на организираното работење дадоа тековните активности спроведени од страна на ПС од ОН Кавадарци за изминатата седмица. Нашиот полициски извор вели дека при рутинска контрола откриена е кражба на дрва, фатени се измамници, но и уживатели на дрога.

 

Имено изминатата недела при рутинска контрола на влезот во Кавадарци кај Југо комерц полициските службеници во патничко возило автомобил пронашле еден  кубен метар дрва при што е констатирано дека се работи за кражба.По деталната истрага дрвата биле одземени и дадени на чување во шумско стопанство Бор Кавадарци, а против сторителот е поднсена соодветна пријава.

 

Во два наврати минатата недела нашиот извор вели дека Полицијата фатила на лице место и двајца уживатели со мала количина на опојна дрога. Едниот од нив е фатен во комплексот на СС „Јасмин“, а вториот кај споменикот над ДТВ Партизан во Кавадарци.При претресот кај двајцата пронајдена е мала количина опојна дрога и истата е одземена, а за сторителите ќе има и соодветна пријава.Полицијата особено апелира да се внимава на измами кој подлежат на кражби.Се работи за измамници од женски пол и од ромска националност кој доста вешто успеваат да навлезат во емотивниот дух на граѓаните и да делуваат на нив како вешти народски кажано бајачи кои ќе им ги растурат маѓиите и ќе им го вратат мирот и љубовта во домот.Иако звучи смешно полицискиот извор близок до ктв потврдува дека само во изминатата недела расветлени се два вакви случаи на измама и против сторителите е поднесена соодветна пријава.Жени од ромска националност умешно доаѓаат до вниманието на граѓаните, барајќи милостина од нив и при тоа во разговорот потенцирајќи им дека врз нивното семејство има фрлено маѓија кои тие умеат да ја растурат.

Следниот чекор им е емотивноста на жртвата која сакајќи поубав и мирен живот подлегнува па ги следи упатствата и на измамниците им дава две чаши со вода од кои во едната става крстена и по еден примерок  на златен накит од сите членови на фамилијата. Наводната бајачка го става златниот накит во чашата со вода и и ветува на жртвата дека ќе го однесе во црква да отстои една ноќ па ќе и го врати.Ова е целата приказна која се случува во ралноста и на која за жал подлегнуваат многумина не загледувајќи го фактот што токму припадници на ромската националност не влегуваат во црква вели нашиот извор. На ваков начин измамени с енеколку граѓани кај кои украден е златен накит и во вредност од 60 000 денари.Пријавените случаи за сега се откриени, само два во изминатата недела, но апелот е за да нема нови жртви да се внимава и на вакви и слични приказни кои доаѓаат на врата да не се верува апелира нашиот полициски извор.

Милица Младенова

Додади коментар